Британската компанија „Еуро БПО“, која се занимава со аутсорсинг на бизнис- процеси за британски и глобални клиенти, почнува бизнис во Македонија. Новата инвестиција вчера ја најави директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида. Се работи за нова британска инвестиција, која во наредниве 4 години ќе отвори 350 нови работни места. Компанијата веќе има канцеларија во Скопје, во иднина планираат да отворат и во други градови, изјави Фида. Претставниците од британската компанија истакнаа дека Македонија ја избрале како бизнис-дестинација поради инфраструктурните фактори, но и квалитетните кадри - работници кои ги запознале при посетата на земјата. Почетната инвестиција во земјата е 250.000 фунти со намера да се зголемува во иднина.
Британската компанија „Еуро БПО“, која се занимава со аутсорсинг на бизнис- процеси за британски и глобални клиенти, почнува бизнис во Македонија. Новата инвестиција вчера ја најави директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида.
„Се работи за нова британска инвестиција, која во наредниве 4 години ќе отвори 350 нови работни места. Компанијата веќе има канцеларија во Скопје, во иднина планираат да отворат и во други градови“, изјави Фида.
Претставниците од британската компанија истакнаа дека Македонија ја избрале како бизнис-дестинација поради инфраструктурните фактори, но и квалитетните кадри - работници кои ги запознале при посетата на земјата. Почетната инвестиција во земјата е 250.000 фунти со намера да се зголемува во иднина. Со оваа инвестиција ќе се отворат нови работни места за млади економисти, менаџери, сметководители и компјутерски инженери.